Во касарната „Илинден“ во Скопје, денес беше реализирана посета на баталјонот на Воена Полиција (бВП) од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија.
Од страна на заменик-командантот на бВП, потполковник Зоран Станкоски, беше одржан брифинг за единицата со што гостите можеа да се запознаат со мисијата, задачите, историјата, обуката која се изведува, опремата и капацитетите со кои располага бВП.
По завршувањето на брифингот гостите имаа можност да се запознаат со дел од вооружувањето и опремата на единицата на тактичко технички збор и беше реализирана и методско показна вежба на тема: Справување со нарушен јавен ред и мир и мобилна контролна точка.