Денес во касарна „Илинден“ во Скопје, беше реализирана посета на баталјон за врски од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, како дел од програмата за соработка помеѓу Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија и Армијата на Република Северна Македонија за 2023 година.
Од страна на командантот на баталјонот за врски потполковник Зоран Христов беше одржана информативна презентација со која одбранбените аташеи се запознаа со мисијата, задачите, историјата, обуката која се изведува, опремата и капацитетите на единицата.
Присутните имаа можност да се запознаат со опремата со која располага баталјонот за врски изложени на техничкиот збор.