Асоцијацијата на одбранбени аташеи (резидентни и нерезидентни) акредитирани во Република Северна Македонија, врз основа на годишниот План и програма за соработка на Асоцијацијата на одбранбени аташеи со Министерството за одбрана, реализираа посета на единиците на Армијата стационирани во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
Одбранбените аташеи ги пречека командантот на Командата за Операции генерал-мајор Павле Арсоски со клучниот персонал од командата и истите беа запознаени со мисијата, задачите, историјата, структура на единиците, обуката која се изведува, опремата и капацитетите на единиците.
Од страна на припадниците на 1.пешадиски баталјон од составот на 1.пешадиска бригада за аташеите беше реализиран брифинг за единицата и методско-показна вежба на која беше прикажана високата обученост, професионалност и извежбаноста на единицата.
По посетата на касарната „Боро Менков”, Асоцијацијата на одбранбени аташеи, реализира и посета на општина Куманово и протоколарна средба со градоначалникот на општина Куманово, г-дин Максим Димитриевски.
ГЃ/ЧС/БН