На ден 18.06.2015 година (четврток) се реализира посета на помошникот на одбранбеното аташе на Руската федерација, мајор Виталиј Суханов на четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда.
Целта на посетата која се одвиваше во просториите на 1.мпбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, беше искажаното барање на претставниците на Руската федерација за посета на четата АБХО и запознавање со можностите на истата.
Од страна на командирот на четата, мајорот Зоран Сандев гостите беа запознаени за структурата, мисијата и задачите на четата. За време на посетата, беше прикажан тактичко-технички збор на кој беа изложени средствата за лична и колективна АБХ заштита со која располага единицата.