Во инженерискиот баталјон (инжб) во касарната „Илинден“ во Скопје во периодот од 01.11. до 03.11.2022 година, согласно Воено – контакт програмата (Mil to Mil) за 2022 година, се реализираше активност со инженерискиот баталјон од 572 Бригада од Националната гарда на Вермонт.
Активноста започна со презентација пред претставниците од Националната гарда на Вермонт на организациско-формациската структура на инженерискиот баталјон, позначајни активности реализирани во изминатите години од страна на инженерискиот баталјон, како и активности на декларираниот инженериски вод од составот на лесната пешадискa борбена група (ЛПБГ).
Во рамки на посетата се организираше и работилница за изработка на СОП за водот од составот на ЛПБГ во просториите на инжб со презентација на материјално- техничките средства за деминирање, како и методско показна вежба – „Расчистување на делница на пат“ во кругот на касарната „Илинден“.
Посетата на припадниците на инженерискиот баталјон од 572 Бригада од Националната гарда на Вермонт е во организација и соработка помеѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на САД и Армијата.
За време на активноста, покрај припадниците на инженерискиот баталјон од 572 Бригада од Националната гарда на Вермонт и инжб, учество зедоа и претставници од 4.SFAB (Security Force Assistance Brigades) на Воените сили на САД, кои се присутни во инженериската единица од 15.11.2021 година за размена на искуства, заедничка обука и асистенција.
СЈ/ИЗ/ЧС