На 6 мај 2026 година, Извидувачко-разузнавачкиот баталјон го посетија ученици од ООУ „Мирче Ацев“ од Скопје. Во рамки на посетата, покрај тактичко-техничкиот дел, беше извршена презентација на вооружувањето и опремата со кои располага единицата.
Учениците имаа можност непосредно да се запознаат со припадниците на баталјонот, да поставуваат прашања и да добијат подобар увид во секојдневниот живот и професионалните обврски на војниците.
Преку оваа посета, кај учениците се поттикна свеста за значењето на татковината, љубовта кон неа и улогата на секој поединец во нејзината заштита и развој. Истовремено, учениците имаа можност да ја согледаат важноста на дисциплината, одговорноста и посветеноста како темелни вредности во служењето на државата.
Посетата помина во позитивна, пријатна и едукативна атмосфера, а учениците ја напуштија единицата исполнети со радост, нови впечатоци и незаборавни искуства.








