Командантот на Воздухопловниот ВИНГ на Националната Гарда во Вермонт, САД – полковник Гини Патрик беше во тридневна посета на Здружената оперативна команда (ЗОК).
Посетата баше реализирана во периодот од 20-22.04.2016 година во командата на ЗОК и потчинетите единици. Во негова придружба беа одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер со претставници од канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Република Македонија.
За време на посетата на командата на ЗОК, која се реализираше на ден 21.04.2016 година, полковникот Патрик оствари средба со командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. Пред присутните се презентираше мисијата и структурата на ЗОК, како и учеството на АРМ во мировните операции.
Во рамки на тридневната посета полковникот Патрик ги посети воздухопловната бригада, баталјонот на Воена полиција и Воено медицинскиот центар, каде се потенцираше досегашната одлична соработка во рамките на билатералната соработка помеѓу двете армии.