Во период од 05-06.04.2021 година, претставници на 4. бригада за поддршка од Вооружените сили (ВС) на САД (4.SFAB – Security Force Assistance Brigade), предводени од командантот, полковник Џејмс Дуган, реализираа дводневна посета на Командата за операции и 2.пешадиски баталјон од 1.пешадиска бригада.
Командантот на Командата за операции (КО), генерал-мајор Павле Арсоски на средбата со полковник Џејмс Дуган го потенцираше високото ниво на меѓуармиска соработка на нашата армија и армијата на САД, како и значењето од продолжување на истата. Пред претставниците од 4.SFAB беа реализирани брифинзи за Командата за операции и за претстојната вежба „Одлучен удар-21“.
За време на посетата на 2.пешадиски баталјон (Лесниот пешадиски баталјон) во Штип, претставниците на 4. бригада за поддршка реализираа средба со командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Бесник Емини. Во рамки на посетата пред гостите од ВС на САД беше реализиран брифинг за единицата и методско-показна вежба „Воени операции во урбана средина и постапки при чистење на објект“.
Декларираната единица отпочнува со реализација на подготовките за учество на една од најголемите меѓународни вежби планиранa државата, вежбата „Одлучен удар-21“ како и подготовките за НАТО оценување на единицата според CREVEL (Combat Readiness Evalution) во месец април 2022 година.
ИН/ГЃ/ЧС/БН