Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денес 12.09.2023 година беше реализирана посета на командата и штабот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) и Центарот за обука на пилоти од страна на министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас, која беше пречекана од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантот на воздухопловниот ВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски.
Во рамките на посетата, пред министерката за одбрана на Португалија Марија Хелена Кареирас, беше реализиран брифинг за мисијата на единицата, формациската поставеност, можностите и капацитетите, опремата со која располага, процесот на модернизација, постигнатите НАТО цели на способности, а воедно беше реализирана обиколка на Центарот за обука на пилоти.