Денес 22 септември 2015 година висока делегација на Националната Гарда (НГ) на Вермонт – САД, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј во рамките на официјалната посета на АРМ, престојуваше во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) на АРМ.
Делегацијата најпрвин реализира средба со заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, а потоа во присуство на началниците на секции од ЗОК беше презентирана организациско – формациската структура на ЗОК, мисијата, активностите и идните предизвици.
На крајот од посетата гостите од НГ Вермонт имаа можност да се запознаат со историското катче на ЗОК, каде се наоѓаат дел од историските артефакти од Кресненското (Македонско) востание и формирањето на штабот на востанието.