Денес во посета на командата на прва пешадиска бригада (1.пбр), беше одбранбеното аташе на Обединетото Кралство (ОК) во Република Северна Македонија, потполковник Едвард Џон Грин. Одбранбеното аташе беше примен од страна на командантот на 1.пбр, бригаден генерал Дејан Чиплаковски и заменикот на командантот на 1.пбр, полковник Стеван Наумоски.
Во рамките на посетата генералот Чиплаковски го запозна аташето со плановите за обука во бригадата, подготовката за идните вежби во кои учествуваат единиците од бригадата, процесот на модернизација на единицата, постигнатите НАТО цели на способности, а беше нагласена и потребата за продолжување на успешната соработка со ВС на ОК во наредниот период.
На крајот на средбата генералот Чиплаковски се заблагодари на добрата соработка со одбранбеното аташе, која посебно е изразена во делот на обуката и курсевите за припадниците од 1.пбр.
ГЃ/ДЧ