Во периодот од 3 до 6 мај делегација составена од командантот на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски и командантот на КОД, полковник Васко Коколански реализираше посета на единиците на 7. ATC (Седма Команда за обука на Армијата на САД) и 2.CR (Втор коњанички полк) лоцирани во Хохенфелс, Германија.
За време на посетата делегацијата се запозна со капацитетите за поддршка на обуката како и формите на обуката кои се реализираат во 7. ATC како носечка команда за обука на единиците на USEUCOM (Команда на САД за Европа), како и JMRC (Заеднички мултинационален центар за подготвеност) во кој се реализираат обуки на мултинационални состави, со цел достигнување на интероперабилноста на единиците.
За време на посетата на 2.CR беа разгледани можностите за продлабочување и интензивирање на соработката со цел подобрување на интероперабилноста на единиците, како и користење на капацитетите и ресурсите за поддршка на интероперабилноста на нашите единици.
Во понатамошниот тек од посетата делегацијата реализираше средби со командантот на 7. ATC, бригаден генерал Џозеф Хилберт, командантот на 2.CR, полковник Роберт Мекристал и командантот на JMRC, полковник Ентони Мутра.
Преостанатото време се искористи за посета на единиците на Армијата кои во моментот реализираа обука на полигонот во Хохенфелс.
ЧС