Во командата на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше реализирана посета на шефот на НАТО советодавниот тим во Република Северна Македонија, полковник Зоран Јанкович, пречекан од страна на командантот на бригадата, полковник Бесник Емини.
Целта на посетата е споделување на искуства со цел давање на поддршка во процесот на трансформација на бригадата како и за лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), нејзината подготвеност, процесот на трансформација на персонал, вооружување и опрема како и обука на декларираниот персонал. Полковникот Јанковиќ беше брифиран и за досегашниот тек на процесот на трансформација и модернизација на 1.пбр и потчинетите единици.
На крајот од посетата, полковник Јанкович искажа подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката во остварување на целите и задачите за полесно совладување на проблемите кои би се јавиле во имплементација на обврските кои ни престојат како земја членка на НАТО.
ГЃ/ЧС/БН