На ден 06.11.2015 година во посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната НХ „Страшо Пинџур“ присуствуваа претставници од Амбасадата на САД во Република Македонија.
Во состав на делегацијата од Амбасадата на САД покрај одбранбеното аташе на САД во Република Македонија, полковник Томас Батлер, беше и воздухопловното одбранбено аташе, потполковник Џенифер Форд.
Посетата е дел од билатералната соработка, со цел презентација на опремата донирана од армијата на САД преку нивните фондови. Пред претставниците од САД беше одржана презентација за единиците од составот на вбр како и за воздухопловите кои ги поседува бригадата. За време на посетата делегацијата покрај останатото имаше можност да се запознае и со улогата, задачата и мисијата на единиците.
На крајот од посетата беше организиран ТТ збор на дел од опремата со која располагаат единиците од составот на вбр.