На ден 01.08.2018 година, во просториите на Воениот Медицински Центар во Скопје (ВМЦ), беше реализирана посета од страна на Началникот на штаб на поморската ВМА „Никола Вапцаров“- Варна полковник Волчо Атанасов, придружуван од страна на военото аташе на Република Бугарија во Република Македонија потполковник Пламен Николов и претставници од Секторот за Меѓународна Соработка при МО и од ЗОК.
Цел на посетата на полковник Волчо Атанасов, кој учествуваше и на службената активност во Скопје (Работилница за оцена и евалуација на програмата за КША „DEEP“), е подготовка за претстојната посета на делегацијата од АРМ на ВМА „Никола Вапцаров“ во период од 11.12. до 15.12.2018 година во Варна и разгледување на можностите за упатување на персонал од Република Македонија на Поморското Сеучилиште во Варна и ВМА-Софија.
СС/СЛ/ЧС/НЈ