На ден 24.12.2014 година во касарната „Боро Менков“ Куманово се реализира практична настава по предметот ПВНГ (Пешадиско вооружување со настава за гаѓање) на Тема: „Ракување со оружје“ со 30 (триесет) студенти од втора година и соработници на факултетот за детективи и безбедност од Универзитетот ФОН.
Практичната настава беше реализирана од страна на припадници од 1. механизиран пешадиски баталјон од составот на 1. механизирана пешадиска бригада. Истата започна со презентација за мисијата на единицата, зоната на одговорност, обуката (индивидуална и колективна) која се реализира во единицата и беше прикажан дел од оружјето и опремата кое се користи во единицата.
Преку организација на ТТ-Збор (Тактички Технички Збор), студентите и соработниците на факултетот за детективи и безбедност од Универзитетот ФОН имаа можност практично да се запознаат со пешадиското, артилериското вооружување и вооружувањето на ОМЕ кое се користи во единицата.
За студентите од Универзитетот ФОН практично прикажаната настава предизвика голем интерес и истите со прашања максимално се вклучија во наставата.