Денес во касарната ,,Чојлија“ во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, командантот на Командата за Операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, командантот на 1.пбр, полковник Сашко Лафчиски, офицерот за АБХО во Армијата, како и раководните лица на Центар за управување со кризи (ЦУК) и Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) се изврши примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, која е донација од САД за потребите на Армијата (чета АБХО од 1.пбр/КО).
Опремата е донирана во рамки на програмата 333 на САД и се состои од два системи за масовна деконтаминација, два системи за деконтаминација и две возила за транспорт на овие системи, кои ќе пристигнат во наредниот период.
За персоналот во чета АБХО поставен на формациски места за манипулација со истата, во наредниот период ќе се одржи воено стручна обука од инструктори од САД.
ГЃ/ЧС