Припадниците на Инженерискиот баталјон, од составот на Првата пешадиска бригада, кои се дел од словенечкиот контингент во мисијата на НАТО „Enhanced Forward Presence“ (eFP) во Летонија, започнаа со реализација на предупатната обука.
Во рамки на планираните активности, борбеното инженериско одделение ја реализира предвидената обука, при што персоналот професионално, одговорно и мотивирано ги извршува доделените задачи. Обуката претставува дел од подготовките за претстојното контролно оценување на борбената подготвеност, кое ќе се реализира во текот на месец мај.
Со висок степен на мотивираност, подготвеност и посветеност, инженериско одделение ги извршува задачите согласно утврдените стандарди, претставувајќи позитивен пример во рамки на контингентот. Ова претставува уште една потврда за професионалноста, знаењето и обученоста на припадниците на Инженерискиот баталјон.








