Во Командата за операции (КО) се реализира прием на 10 новопоставени поручници во служба на Армијата на Република Северна Македонија, кои поминаа шест месечен курс за стручно оспособување, распоредени на должности во KO.
Ново примените офицери беа примени од страна на командантот на КО, бригаден генерал Бесник Емини. На приемот присуствуваа началникот на штаб во КО бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и началникот на секцијата Ј-1.
По искажаното добредојде и честитки за почетокот во активната воена служба поручниците беа запознаени со мисијата, историјата, структурата и задачите кои ги има КО, како и активностите кои претстојат во понатамошниот период, а во кои тие активно ќе учествуваат. Од нив се очекува да ги применат знаењата кои ги имаат стекнато во текот на нивното школување и ги надградат истите со цел успешно извршување на поставените задачи.
На крајот од приемот на поручниците им беа соопштени наредби за поставување на должноста која ќе ја извршуваат во КО.
ЧС