Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното одбранбено аташе на Обединетото Кралство, потполковник Денис Мeкмахон.
На средбата, генерал-мајор Лафчиски, упати честитки и желби за успешен мандат на потполковник Мeкмахон, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи да се развива во духот на меѓусебна доверба, партнерство и заедничка посветеност преку заеднички активности, обуки, вежби и стручна поддршка.
Обединетото Кралство останува значаен партнер во областа на одбраната, а Армијата продолжува активно да придонесува кон понатамошно зајакнување и продлабочување на билатералната соработка.








