На ден 09.06.2026 година, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ воТетово, припадниците од трет пешадиски баталјон (3.пб) од составот на прва пешадиска бригада (1.пбр), во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Тетово, организираа и реализираа обука за противпожарна заштита.
Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел.
Во текот на обуката од страна на професионалните пожарникари, беа покажани и објаснети причините за настанување на пожарите, преземање на противпожарно – превентивните мерки и активностите кои треба да се преземат при гасење на пожари со формациските средства со кои располага единицата.
За време на практичниот дел, од страна на професионалниот тим на ТППЕ беа демонстрирани постапки кои се превземаат за гаснење на пожар и тоа: употреба на против ПП средства за гаснење на пожар, употреба на заштитна опрема при гаснење на пожар и други процедури.
Обуката се реализираше на почетокот на летната сезона, кога реално постојат зголемени опасности од пожари на отворен и во затворен простор.
ГЃ/БИ








