Денес, 9-ти јуни во касарната „Чеде Филиповски-Даме“, во Кичево, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 2. логистички баталјон (2.логб).
На примопредавањето присуствуваше командантот на Бригадата за логистичка поддршка, потполковник Кенан Рахиќ, кој во своето обраќање му се заблагодари на потполковник Гоце Стојаноски за досегашните постигнати резултати, а од новоназначениот командант честитајќи му ја должноста, побара максимално посветување на специфичноста и предизвиците на единицата.
Потполковник Гоце Стојановски истакна дека во стројот стои колектив, кој се одликува со истрајност и доследност, а своето знаење и енергија несебично ги вградува во многу објекти на АРМ, со што 2.логб го прави препозналив во насока на подобрување на условите за живот и работа на припадниците на армијата.
Новоназначениот командант, мајор Ванчо Ташев нагласи дека ќе ги искористи знаењата и искуствата од досегшното работење во овој баталјон, но исто така очекува поддршка и ангажирање од сите припадници на единицата, во реализација на мисијата и задачите на единицата, со што ќе ја оправда дадената доверба за раководење со оваа исклучително динамична единица.