На ден 03.01.2014 година, со почеток во 12.00 часот, во касарната “Кузман Јосифовски-Питу” во Тетово, се одржа воена свеченост по повод примо-предавање на должноста Командант на 3.механизиран пешадиска баталјон (3.мпб) од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). По тој повод на свеченоста присуствуваа: Командантот на бригадата бригаден генерал Павле Арсоски, Командантите на потчинетите единици на 1.мпбр, претставници од локалната самоуправа и гости од цивилните структури од зоната на одговорност и други гости.
За време на свеченото примопредавање на должноста свои обраќања имаа: Командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, досегашниот командант на 3.мпб, потполковник Блаже Николовски и новиот командант на 3.мпб, потполковник Атанас Пановски.
Потполковникот Атанас Пановски има завршено Воена гимназија во Белград, Воена Академија на Копнената војска род артилерија во Белград и Задар. После дипломски студии – специјализација за командно- штабни должности има завршено во Морнаричката школа за постдипломски студии во Монтреј, САД. Во својата богата и успешна војничка кариера ги има поминато сите војнички должности почнувајќи од командир на вод па се до заменик на командант на баталјон за специјални операции и офицер за операции и борбена готовност во ГШ на АРМ.
За време на извршувањето на должноста потполковникот Блаже Николовски даде голем придонес во изградбата на борбената готовност на единицата и покажа како високо професионални и способни лидери можат успешно да се справат со предизвиците на новото време како Командант на контингентот во мировната операција ИСАФ во Авганистан.