Денес, во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, се одржа воена свеченост по повод примопредавањето на должноста Командант на трет механизиран пешадиски баталјон (3.мпб)“ од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
Должноста од досегашниот командант на 3.мпб, потполковник Гоце Филипоски ја прими потполковник Изеир Ејупи, кој досега ја извршуваше должноста Заменик на командантот во истиот баталјон.
На свеченоста присуствуваа, командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, команданти и претставници од командите и единиците на АРМ како и претставници од органите на локалната самоуправа.
Пред стројот на единицата и присутните гости, во своето обраќање командантот на 1.мпбр, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, му се заблагодари на досегашниот командант за вложениот труд и покажаните резултати за време на неговото командување со единицата, а на потполковникот Изеир Ејупи му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност, со желба за успешно командување и постигнување на уште поголеми резултати со баталјонот во наредниот период.
Досегашниот командант на 3.мпб, потполковникот Гоце Филипоски, во својот говор меѓу другото им оддаде признание на припадниците на баталјонот за вложениот труд од секој припадник во извршувањето на бројните задачи и предизвици со кои единицата успешно се справуваше во текот на неговото командување.
Новопоставениот командант, потполковникот Изеир Ејупи, се заблагодари на укажаната доверба со поставувањето на оваа одговорна должност, ветувајќи дека како командант на баталјонот ќе го даде својот максимум.
На крајот од свеченоста, по церемонијалното примо-предавање на военото знаме на баталјонот, со што и официјално беше извршено примопредавањето на должноста командант на 3.мпб, следуваше воено дефиле на единиците од баталјонот.
ЗА/ГЃ/СМ