Денес, 21 септември (понеделник) 2015 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево, се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
Должноста командант на 4.мпб од потполковник Благоја Мијакоски ја прими потполковник Боро Латкоски, кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб-заменик командант во 4.мпб.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1.мпбр полковник Зоран Милески, како и претставници од јавните установи и служби, претставниците на единицата на локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.
На свеченоста се обратија командантот на 1.мпбр, полковникот Зоран Милески, кој се наврати на досегашните активности што единицата ги реализира во изминатиот период.
Досегашниот командант на 4.мпб, потполковник Благоја Мијакоски, се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на извршувањето на должноста. Новопоставениот командант потполковник Боро Латкоски, истакна дека крајно совесно и одговорно ќе раководи со единицата.
Во текот на свеченоста се изврши официјално примопредавање на должноста како и свечениот чин примопредавање на военото знаме на единицата, после што следеше воено дефиле на потчинетите единици на 4.мпб.