Во касарната „Чојлија“ во Петровец, се реализира свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на тенковскиот баталјон (тб) од составот на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), Здружена оперативна команда.
Должноста командант на тб од потполковник Тони Седмаков ја прими потполковник Тони Златевски кој досега извршуваше должност во секција Ј-7 во ЗОК.
На свеченоста присуствуваа заменикот на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, претставници од локалната самоуправа во зоната на одговорност и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.
Командантот на 1.мпбр полковникот Зоран Милески истакна дека тенковскиот баталјон со своите атрибути спаѓа во редот на најдобро организирани воени единици и како таква остава белег во развојот на АРМ.
Досегашниот командант на тб, потполковник Тони Седмаков се заблагодари на припадниците на единицата за поддршката во текот на неговото командување, a новиот командант потполковник Тони Златевски изјави дека ќе се залага за остварување на што подобри резултати на единицата.
На крајот од воената церемонија следуваше свечено примопредавање на военото знаме на баталјонот.