Денес (28 мај) во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на сквадронот на борбени хеликоптери (сбх) од воздухопловната бригада (вбр).
На свеченоста покрај командантот на вбр присуствуваа и командантите на потчинетите единици и началниците на секции во вбр.
За време на свеченото примопредавање на должноста свои обраќања имаа: Командантот на вбр полковник Кире Колевски, досегашниот командант на сбх, потполковник Оливер Илијевски и новиот командант на сбх мајор Игор Чкоров.
Командантот на вбр во своето обраќање се заблагодари на потполковник Оливер Илијевски за досегашните постигнати резултати како и за улогата на Командантот во борбената подготвеност на персоналот и единицата, а од новоназначениот командант мајор Игор Чкоров побара продолжување на работата и обуката на персоналот како и максимална ангажираност во извршување на добиените задачи како на командантот така и на персоналот.
Во својот говор досегашниот командант на сбх им се заблагодари на припадниците на сквадронот за своето несебично залагање и професионално извршување на задачите и обврските. Новоназначениот командант мајор Игор Чкоров се заблагодари за укажаната доверба да командува со единицата и истакна дека му е чест да работи со професионалци како што се припадниците на сквадронот.