Во периодот од 28.08. до 18.09.2024 година, припадници од извидувачкиот вод (ив) од составот на 2.пешадиски баталјон (2.пб) и два тима за цивилно-воена соработка (ЦВС) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), учествуваа на меѓународната вежба “Saber Junction 24“ во СР Германија.
Покрај припадниците на нашата Армија, на меѓународната вежба учествуваа и припадници од останатите земји членки на НАТО. Вежбата имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на заеднички активности со останатите земји членки на НАТО.
Како и досега, припадниците на 1.пбр со своето професионално и одговорно однесување придонесоа за афирмација и подобрување на угледот на Армијата во целост.
За време на вежбата, за припадниците на извидувачкиот вод, фокусот беше ставен на практично реализирање на задачи за изработка на набљудувачници, блиско извидување, изведување на препад и патролирање.
Припадниците на извидувачкиот вод уште еднаш го покажаа своето високо ниво на обученост и подготвеност за извршување на комплексни задачи и активности во реални услови. Успешното и прецизно извршување на доделените задачи беше забележано од страна на претпоставената команда на Инженерскиот баталјон од ВС на САД, во чиj состав беа потчинети. При тоа, за својот ангажман, на припадниците на извидувачкиот вод им беа доделени значки за најдобар вод.
Задачите за тимот за ЦВС, доделувани од страна на командантот на Инжeнерискиот баталјон, беа комплексни задачи и од доменот на психолошките операции, операции во цивилно-воената област и операции за односи со јавност. Тимот за ЦВС навремено, професионално и рамо до рамо со останатите тимови ги извршуваа доделените задачи на потребното ниво и согласно сценариото на вежбата.
Тимот за ЦВС за прв пат учествуваше на меѓународна вежба, каде го покажа своето ниво на обученост и подготвеност за извршување на задачи од оваа област. За успешноста во извршување на доделените обрски и задачи за време на вежбата, тимовите за ЦВС беа наградени и пофалени заедно со припадниците од извидувачкиот вод.
ГЃ/ДЧ