Во периодот 17.02-09.03.2020 година, вод од составот на2.пешадиски баталјон (2.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр), со еден вод деклариран во составот на ЛПБГ учествуваше на меѓународна воена вежба „КФОР-27“ во ,,Хохенфелс, Сојузна Република Германија.
Покрај припадниците на нашата Армија на меѓународната вежба присуствуваа и припадниците од останатите земји членките на НАТО и Партнерството за мир.
Вежбата имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на воени операции за поддршка на мирот.
Како и досега припадниците на 1.пбр со своето професионално и одговорно однесување придонесоа за одлична можност за афирмација и подобрување на угледот на Армијата во целост на меѓународно ниво, со своите идни партнери членки на НАТО.
За време на вежбата водот заедно со другите учесници на вежбата реализираа обука од повеќе теми и тоа: постапка со толпа и справување со нив,формирање на кордон, и справување со оган кога е нападнат
кордонот со молотови коктели, патролирање, препознавање и откривање на ИЕН,постапка на патрола при наидување на ИЕН,постапка со превртено м/в и работа со медиуми.
Со учеството на припадниците на 1.пбр на вакви меѓународни вежби се овозможува подобро разработување на процедурите, техниките и тактиките за извршување на задачи во операциите за поддршка на мирот.
ГЃ