На 21 мај 2026 година, питомците од трета наставна година од Центарот за обука на питомци и офицери од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, во рамки на предметот „Систем за управување со оган“, реализираа наставна посета на Вториот пешадиски баталјон (2.пб) од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр ) во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
За време на посетата, питомците имаа можност одблиску да се запознаат со дел од личното и колективното вооружување и опрема, новите возила кои се на употреба во единицата – лесното оклопно возило JLTV и оклопниот транспортер STRYKER, како и со начинот на користење на симулаторот за системот за управување со оган на далечински управуваната вооружена станица CROWS (Common Remotely Operated Weapon Station), со која се опремени оклопните возила, во процесот на обука.
Овие активности се дел од образовниот процес, кои ќе ги поттикнат питомците да ги развијат своите практични и теоретски вештини во реални услови на работа со наведените средства и возила со кои се опремени единиците во Армијата.
ГЃ/ДЧ








