Во Центарот за Обука (ЦО) Пепелиште од 3 до 7 март 2014 година се одржа Работилница за финализирање на документи за претстојната вежба „Македонски Блесок-10“, која ќе се изведе во период од 7 до 12 април 2014 година на АП „Криволак“, кога ќе се реализира НАТО оценување Ниво 2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценување Ниво 2 на Лесната маневарска болница (ЛМБ) Ниво 2.
На работилницата извршена е дополна на Динамичкиот план за реализација на вежбата, финализирање на Главната листа на настани и инциденти (ГЛН/ГЛИ), активности за Денот на високи гости – програма и предизвици. Во текот на работилницата повисоката команда за вежбата (HICON) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада работеше и на Оперативната наредба која во наредниот период ќе биде врачена на Командантите на оценуваните единици на вежбата МБ-10.
Според специфичноста на задачите и обврските на учесниците, Работилница за финализирање на документи за вежбата беше организирана преку реализација на редовни брифинзи и работа по синдикати и тоа: синдикат за персонал, заштита на силите, операции, реална логистика, врски, односи со јавноста, протокол, синдикат за главната листа на настани и инциденти и синдикат за администрација.
Во рамките на работата на работилницата, на 4 и 5 март командната структура на вежбата реализира извидување на просторот на полигонот „Криволак“ каде што беа допрецизирани тежишните активности за Денот на високи гости за реализација на вежбата „Македонски Блесок 10“.