Во период од 18.03. до 20.03.2025 година, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, беше реализирана работилница за изработка на организациска наредба за вежбата „Immediate Response 25“.
На отворањето на работилницата, пред присутните учесници и претставниците од Канцеларијата за одбранбена соработка (ODC) при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, од страна на командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски беше истакната важноста на вежбата.
За време на работилницата беа истакнати побарувањата за реална логистичка поддршка, заштита на силите, како и потребите за отворањето и затворањето на вежбата и Денот за високи посетители, кои ќе се реализираат на АП „Криволак“.
Вежбата ќе се реализира во период од 25 мај до 9 јуни во Република Северна Македонија, а на неа ќе учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Австрија и Косово.
ЧС