Армијата на Република Македонија и македонската спортска стрелачка федерација (МССФ) ја продлабочија меѓусебната одлична соработка со размена на искуства во областа на стрелачките вештини.
Припадници од единиците на Здружената Оперативна Команда и претставници од МССФ во касарната „Илинден“ во Скопје и стрелиштето „Петровец“, во периодот од 22. до 26. септември 2014 година разменуваа искуства во ракување и гаѓање со полуавтоматска снајперска пушка (ПАСнП) 7.9 мм и реализираа обука на симулатор за стрелаштво „SCATT“.
Припадници од првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот на Воена Полиција теоретскиот дел од обуката го реализираа во касарната „Илинден“, а практичната обука и планираните гаѓања се реализираа на стрелиштето „Петровец“.
Со реализација на обуката снајперистите го постигнаа посакуваниот резултат, што е показател на високата воено-стручна оспособеност на персоналот.
За постигнатите резултати во обука и гаѓањето, на сите припадници од единиците им беа доделени сертификати.
Покрај оваа заедничка активност припадници на АРМ традиционално секоја година учествуваат на меѓународниот турнир во стрелаштво „Гран При Скопје“ во организација на МССФ.