Обученоста на темата за спасување и извлекување на повреден од непристапен терен, која е дел од редовните планови за обука, припадниците од хеликоптерски сквадрон од воздухопловниот ВИНГ и баталјонот за специјални намени (бсн) имаа прилика да ја прикажат во реална ситуација.
Дежурниот тим за претрага и спасување од хеликоптерски сквадрон од воздухопловниот ВИНГ, по добиена информација за повреден армиски припадник при изведување на алпинистичка вежба „Извлекување по карпа“, со брза и навремена интервенција успешно изврши извлекување и транспорт на повредениот до воздухопловната база во Петровец.
Притоа со запазување на сите процедури при вакви ситуации персоналот од двете единици и практично ја прикажа својата обученост и меѓусебна координираност при што повредениот припадник на најбезбеден начин беше транспортиран со хеликоптер, Ми-8/17 и проследен на понатамошна медицинска интервенција.