Командата, штабот и потчинетите единици на инжб од составот на 1.механизирана пешадиска бригада на ден 28.11.2016 година во време од 08:30 до 15:30 часот реализираа кондиционен марш на релација с. Катланово – Езеро Младост.
Кондициониот марш е планска активност на единицата во согласност со годишниот календар за обука и служи за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на баталјонот. Врз основ на програмата за изведување на тактички и кондициони маршеви, припадниците на инжб со себе ја носеа целокупната борбена опрема. За време на маршот се превзедоа сите мерки на безбедност и заштита на животите и здравјето на луѓето, како и мерки за заштита на животната средина и природата.
Маршот започна со превезување на припадниците на инжб од касарна „Илинден“ – Скопје до с. Катланово. Мостот на реката Пчиња беше почетната точка на маршот. Потоа правецот на движење продолжи во близина на селото Бадар и месноста Ајдучка чешма каде се наоѓаше првата контролна точка. Правецот на движење продолжи кон месноста Св. Петка, а во близина на с. Ветерско имаше уште една контролна точка. Платото кај Езеро Младост беше крајната цел на кондициониот марш. Тука се одржа кратка анализа на која се констатира дека кондициониот марш е успешно реализиран. Преку него припадниците на инжб се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со стратегиските и тактички правци на дел од зоната на одговорност.
Активноста заврши со превезување на припадниците на инжб назад во касарна Илинден.