На ден 21.03.2017 година во време од 09:00 до 15:30 часот со припадниците на Здружено оперативната команда беше реализиран кондиционен марш на релација с. Гиновци – с. Петралица – црква св. Тројца – реон на с. Псача.
Кондициониот марш е планска активност на единицата во согласност со годишниот календар за обука и служи за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на Здружено оперативната команда .
За време на маршот се презедоа сите мерки на безбедност и заштита на животите и здравјето на луѓето, како и мерки за заштита на животната средина и природата.
Маршот започна со превезување на припадниците на Здружено оперативната команда . од касарна „Боро Менков“ – Куманово до с. Гиновци,од каде што беше почетната точка на маршот. Потоа правецот на движење продолжи во правец на селото Петралица и раскрсницата кон св. Тројца каде се наоѓаше првата контролна точка. По преминувањето на контролната точка се продолжи со реализација на маршот кон црквата св. Тројца од каде што се продолжи за с. Псача кое беше крајната цел на кондициониот марш. Тука се одржа кратка анализа на која од страна на Командантот на Здружено оперативната команда бригаден генерал Зоран Милески беше констатирано дека кондициониот марш е успешно реализиран. Со реализацијата на кондициониот марш припадниците на Здружено оперативната команда се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со стратегиските и тактички правци на дел од зоната на одговорност.
Активноста заврши со превезување на припадниците на Здружено оперативната команда назад во касарната „Боро Менков“ – Куманово.