Инженерискиот баталјон (инжб) на ден 20.06. и 21.06.2017 година на полигонот „Стенковец“, во склоп на курсот за командири на водови, организира и реализира вежби со боеви минско-експлозивни средства (МЕС).
Првата вежба се одржа на ден 20.06.2017 година по следното:
- Вежба 1: „Изработка и палење на бавногорлива запалка“ и
- Вежба 2; „Палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка“.
На ден 21.06.2017 година се реализира:
- Вежба 8: „Поединечно поставување и отстранување на боева противоклопна мина“.
Припадниците на инжб се стручно оспособени и подготвени да организираат и реализираат вежби со боеви МЕС. Вежбите кои ги изведоа со питомците се според „Упатството и Програмот за изведување на вежби со боеви МЕС“. При реализацијата на вежбите, извршителите се извежбаа во правилна, сигурна и брза изработка и палење на бавногорлива запалка и во поединечно поставување и отстранување на боева противоклопна мина.
Командирите од инжб успешно и несебично ги имплементираа своите искуства и знаења и квалитетно ги пренесоа на питомците. Нивното познавање на својствата на МЕС и добро спроведената организација при работа резултира со успешно завршена вежба со која питомците, идни старешини во АРМ, се увежбаа и се стекнаа со нови знаења.