Припадниците на баталјонот на Воена Полиција (бВП) во периодот 03.12 до14.12.2018 година, согласно годишниот план за обука за 2018 година реализираа воено-полициска обука со ново примените припадници на бВП во Центарот за Обука „Пепелиште“ и АП „Криволак“.
Целта на обуката беше специјалистичко воено и стручно оспособување на ново примените припадниците на бВП согласно стандардите и процедурите на единицата.
За време на обуката припадниците на баталјонот на Воена Полиција, покажаа високо ниво на професионализам, мотивираност и тимска работа.
По повод завршувањето на обуката со денешниот ден се заокружи крајот на обуката со реализација на вежба „Спречување на нереди и демонстрации и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир“ на кој присуствуваше и Командантот на бВП, потполковник Кире Николовски.
ВС/ДС/ЧС/НЈ