На 17 мај 2014 година на стрелиштето „Осој“ во околината на Кичево со припадници од организацијата на резервни офицери на Република Македонија (ОРОРМ) се изведе подготвително гаѓање со автоматска пушка 7,62 мм.
По завршување на гаѓањето во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево од страна на припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада се реализира и тактичко технички збор (ТТ-збор) на вооружување и опрема.
На ТТ зборот во неколку работни точки резервните офицери се запознаа со карактеристиките и можностите на пешадиско вооружување, артилериско вооружување, средства за врски, специјални средтсва и борбени средства со кои располага единицата.
Осумдесетина резервни офицери од западниот дел на Република Македонија со голем интерес зедоа учество во оваа еднодневна активност која е дел од планот за стручна соработката помеѓу АРМ и ОРОРМ.