Како дел од планираните активности за обука на потчинетите единици од Командата за операции (КО), денес на АП „Криволак“ воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ) реализира вежбовни активности со хеликоптер од типот Ми-24 од составот на вВИНГ.
Активноста гранатирање, ракетирање и бомбардирање (ГРБ) од хеликоптер се состои од гаѓање на земјени цели со митралез од хеликоптер Ми-24 при што пилотот преку комплексна процедура ја покажуваат својата обученост во неутрализирање цели на земја во секакви временски услови.
На активноста присутни беа командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски и командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски кои го следеа гаѓањето и изведените маневри со хеликоптерот Ми-24.
Овој вид на вежбовни активности се дел од редовната обука на пилотите согласно планот за обука во единицата во кој преку изведување на постојана обука и тренинг пилотите од составот на вВИНГ се оспособуваат за извршување на најкомплексни задачи кои произлегуваат од намената на единицата.
ГИ/ЧС/ПА