На 19 и 20 мај 2026 година, во командата и штабот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), беше реализирана обука на тема: Планирање и извршување на ISTAR активности на борбена група (Battlegroup ISTAR planning and execution) спроведена од страна на мајор Паул Гудaл од постојаниот воен тренинг тим на Вооружените сили на Обединетото Кралство.
Обуката се реализираше преку презентации, дискусии и вежба на карта со тежиште на процесот на планирање и употреба на капацитетите за разузнавање, набљудување, откривање на цели и извидување (ISTAR) на ниво на пешадиска чета и баталјонска борбена група.
Обуката со тимот од Вооружените сили на Обединетото Кралство е со цел за јакнење на капацитетите, унапредување на интероперабилноста за пешадиските единици на Армијата, согласно НАТО стандардите.
На обуката учествуваа офицери од командата и штабот на 1.пбр и потчинетите единици од составот на бригадата, при што на учесниците им беа врачени сертификати за успешно завршена обука.
Соработката со постојаниот воен тренинг тим на Вооружените сили на Обединетото Кралство ќе продолжи и во наредниот период преку реализација на заеднички активности и обуки со единиците на Армијата.
ДЧ/ГЃ








