Во периодот од 04.11 година до 27.11.2014 година, согласно годишниот план за обука, припадниците од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во реонот за обука на потчинетите единици реализираа ситуациони тактички вежби (СТВ) со пребазирање на единиците.
Целта на обуката е стручно и методичко оспособување и извежбување во организација, изведување и извршување на тактички задачи како и запознавање на зоната на одговорноста на единиците.
Активностите започнаа со издавање на тактичка задача со супозиции, по што единиците започнаа со тактички марш до местото за стационирање. По пристигнивање на логорската просторија беа реализирани следниве активности: патролирање, воспоставување на мобилна контролна точка и обезбедување на логорската просторија.
Во попладневите и вечерните часови беа реализирани ноќни гаѓања со автоматска пушка и вежби во гаѓање со вооружување на оклопно механизираните единици.
Припадниците од 1.мпбр успешно се соочија со сите предизвици и ги реализираа сите активности. Оваа обука е од особено значење во одржувањето на високо ниво на обученост на единиците во тактичко движење, спроведување на тактички постапки и градење на тимот.