Во просториите на Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа состанок на кој од страна на командантите на потчинетите единици беше брифиран командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски за досегашниот тек на процесот на трансформација и идните чекори и предизвици коишто ја очекува командата во наредниот период.
Притоа, посебен акцент беше ставен на структурата, мисијата и задачите на лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ).
На состанокот присуствуваше и британскиот советник бригаден генерал Хју Лојд Џонс кој истакна дека ќе асистираат во процесот на постигнување на финална оперативна подготвеност на ЛПБГ.
БН