При денешната посета на министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска на касарната „Боро Менков“ во Куманово се претставија капацитетите на Здружената оперативна команда (ЗОК) и единиците стационирани во касарната.
За време на посетата во ЗОК од страна на Командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милески се реализираше брифинг за статусот на ЗОК, преку кој министерката беше запознаена со мисијата, задачите, тековната состојба и идните планирани активности.
По завршувањето на брифингот со припадниците на командата на ЗОК, министерката за одбрана ги обиколи и останатите објекти во касарната, каде се разместени и другите единици на АРМ при што се согледаа условите за живот и работа на вработените.
На крајот од посетата Министерката присуствуваше на дел од обуката која ја реализираа припадниците на првиот механизиран пешадиски баталјон.