Значењето на обуката која ја изведува персоналот од третата ротација за менторирањето на 4.бригада за асистенција на безбедносни сили (4.SFAB) за подобрување на меѓусебната интероперабилност е истакнато за време на обиколката од страна на делегација од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија предводена од амбасадорката, Ангела Прајс Агелер.
Пред слушателите на обуката, која се изведува во командата на 1.пбр, пред делегацијата и во присуство на командантите на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и на 1.пбр, бригаден генерал Сашко Лафчиски од страна на инструкторите од САД се споделија искуства во процесот на командување, лидерство, командување и контрола како важен сегмент во усовршување на знаењата на подофицерскиот кор и младите офицери.
Во состав на делегацијата од Амбасадата на САД беа и одбранбеното аташе на САД, полковник Мајкл Таркинто и пензионираниот полковник Џорџ Свифт кој е советник во Министерството за одбрана.
Досегашното менторирање на тимовите од 4.бригада за асистенција позитивно влијаеше врз целокупниот процес во подготовката и реализацијата на обуката како и во стекнување на знаења за системот на функционирање на командувањето во ВС на САД со цел интероперабилност во здружени операции, како и достигнување на високите НАТО стандарди во процесот на обуката и вежбите.
ГЃ/СЛ/ЧС