Денес 06.03.2015 година ученици од средното Економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје реализираа еднодневна посета во касарната „Илинден“ и баталјонот на Воената полиција (бВП) како дел од соработката со која единицата ја има со цивилните структури.
За време на посетата учениците имаа можност да се запознаат со животот и работата на припадниците на бВП, секојдневните задачи и активности на единицата, стекнатите искуства од мисиите каде учествувала единицата.
За посетителите се организира тактичко технички збор при што се презентираше дел од воено-полициската опрема и вооружувањето кои се на употреба во единицата, возилата со кои располага единицата и работа на службено куче во откривање на Минско експлозивни средства во возило.
На крајот од посетата за посетителите се органзира војнички ручек во војничкиот ресторан во касарната „Илинден“ каде учениците ги споделија своите импресии од виденото.
Ваквите посети претставуваат приближување на Армијата на Република Македонија до граѓаните со цел запознавање со активностите и животот и работата на припадниците на АРМ.