Во периодот од 09.06 до 20.06.2014 година со оклопно извидувачките водови од 3. и 4. механизиран пешадиски баталјон, од 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) се реализира стручно специјалистичка обука „Исхрана во природа“. Обуката се реализираше во реонот на Маврови Анови и селото Цер.
Целта на обуката е персоналот да се стекне со потребните техники и вештини, сигурност во своите можности, самодоверба, користење на флора и фауна како основен и дополнителен извор на храна во услови на отежнато или прекинато снабдување со храна. За време на обуката „Исхрана во природа“ изведувани се теми од извидувачка тактика, ориентација на земјиште и санитетска обука.
Посебен акцент се даде на оспособување на персоналот за изработка на објекти за работа и сместување, средства за подготовка и чување на храна, средства за користење на продукти од дивата флора и фауна, прочистување на вода за пиење со прирачни средства, класификација на артиклите од животинско и растително потекло како и нивна подготовка за исхрана.
Персоналот од 1.мпбр, при изведувањето на разните форми на обука, покажа високо ниво на обученост и професионализам.