Во период од 22.09. до 26.09.2014 година на АП „Криволак“ припадниците на четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) реализираа стручно-специјалистичка обука во теренски услови.
Цел на обуката беше да се развијат вештини и способности на персоналот од единицата во поддршка на единиците на Армијата на Република Македонија и на цивилните структури.
При реализација на обуката беа извежбувани матоди и стандарни оперативни процедури согласно НАТО стандардите за детекција, дозиметрија, извидување, набљудување и деконтаминација. Во тренските услови беа развиени деконтаминациона станица, набљудувачка станица и беше воспоставен систем за колективна заштита.
За време на логорувањето во посета на капацитетите на АП Криволак беа припадници на вооружените сили на Сенегал, кои меѓу другото го посетија и АБХ полигонот и им беа прикажани основните АБХ процедури и постапки.
На ден 24.09 (среда) припадниците на четата АБХО ја покажаа својата хуманост со тоа што ја донираа својата еднодневна ужина за штитениците во Специјалниот завод за ментално ретардирани лица – Демир Капија. Наредниот ден од страна на четата АБХО се реализира методско нагледна вежба на која присуствуваа претставници од 1.мпбр и претставници од првопотчинетите единици (началници на С-3 секциите, главните подофицери и АБХ подофицерите). На вежбата беа претставени дел од АБХ средствата, работата на просторите за РХБ деконтаминација, работа на набљудувачката станица и набљудувачница АБХО и работа во системот за колективна заштита и центарот за РХ анализа.
Припадниците од четата АБХО покажаа дека се подготвени и обучени од нивниот делокруг на работа.