Во период од 4 до 7 мај 2026 година, согласно годишниот календар за обука, персоналот од приштапските единици и персоналот од Инженериски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада (1.пбр), реализираше стручно-специјалистичка обука од родот врски.
Во текот на обуката, согласно формациската поставеност и работните обврски и задачи, персоналот теоретски и практично ги повтори и надгради стекнатите знаења од соодветните специјалности во водовите.
При изведување на обуката, персоналот од Четата за врски (чв), Четата за воено разузнавање и Инженерискиот баталјон покажа високо ниво на мотивираност, професионализам и подготвеност за надградување со знаења за полесно совладување на секојдневните предизвици при извршување на задачи од својот делокруг на работа.
ГЧ/ДЧ









