Денес, 29-ти Октомври во касарната ,,Илинден“ во Скопје, за прв пат на овој датум со воена свеченост се одбележа денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 29-ти Октомври е определен за ден на бВП како датум со кој се одбележува значаен историски настан.
Баталјонот на воена полиција е носител на традициите на денот кога на 29-ти Октомври 1878 година во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на Воено полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се всушност првите формално воено полициски сили.
На свеченоста присуствуваа Заменик на Началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамет Рацај, Заменик на командантот на ЗОК бригаден генерал Павле Арсоски, претставници од ГШ на АРМ и ЗОК, команданти на единиците од касарната „Илинден“, претставници од МВР на РМ, поранешни команданти на единицата и претставници на организации со кои бВП остварува соработка.
На свеченоста пред присутните гости краток осврт за значењето на овој историски настан за македонската историја и Армија имаше командантот на бВП потполковник Васко Коколански.
На крајот од свеченоста се одржа тактичко технички збор на кој беше изложено вооружување и опрема со која располага единицата, како и методско показна вежба каде припадниците од бВП ја покажаа обученоста за справување во различни ситуации со кои се соочуваат во текот на извршување на задачите.
Во пресрет на одбележувањето на 29-ти Октомври денот на воената полиција како дел од планираните активности за одбележување на денот на единицата се реализираа крводарителна и хуманитарна акција